Шмид: Премногу поени се доделуваат на спринтот

Новинарот на реномираниот Auto Motor und Sport, Мајкл Шмид, верува дека новите правила за бодување на спринт трките не се добри бидејќи на кусата 100-километарска трка ќе се доделуваат многу поени. 

Со новиот спринт концепт кој беше промовиран минатата сезона имаше три спринта на исто толку тркачки викенди. Прво се зборуваше дека оваа сезона ќе има шест спринтови, но сепак поради несогласувања со тимовите се одлучи да останат само три спринта. Неодамна се донесоа нови правила за бодувања со кои има повеќе поени за возачите од топ 8. Според новинаро Шмид, ќе има премногу поени за освојување. 

Инфлацијата никогаш не било добро нешто. Сега се променија работите за спринтот. Има поени за 8 од 20 возачи за трка која трае 25 минути. ТОа е премногу.

Спринт е само додатна програма за стартниот грид, Ништо повеќе. Се девалвираат поените за главната трка – смета шмид.

Германецот не верува дека ќе се поправи системот бидејќи нема да се превземаат ризици. 

Возачите нема да превземаат ризик. Доколку имаш три поени за шеста позиција сигурно нема да ризикуваш повеќе за во недела. Ништо посебно.

Се надевам ќе има повеќе дуели, но се зависи од престасувањето. Треба да е полесно оваа година со новите болиди. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ