Шпанија: Ништо ново, грешка на Ред Бул и победа на Хамилтон

Шпанското Гранд При не донесе ништо ново во однос на Формула 1 трките годинава, нова грешка, овој пат стратешка за Ред Бул и Макс Верстапен и нова победаза Луис Хамилтон, негова 98ма во кариерата.

Воедно, седумкратниот пвак стигна и до својот 169ти подриум, Верстапен дојде до својот 46ти со денепното второ место, а Валтери Ботас по 59ти пат завршува во топ 3. Холанѓанецот и Ред Бул “ќарија“ и поен за најбрз круг во претпоследниот на Макс.

Трката не беше ништо поинаква од Голема награда во Шпанија каква што сме навикнале, здодевен настан каде се се решава во боксот.

Верстапен имаше одличен старт, доцна кочеше на првата кривина, го затвори Хамилтон и го превзема неговото водство. Зад нив, повлечениот Ботас загуби позиција од Шарл Леклер во Ферари, се обидуваше да си ја врати, но не успеваше. Добар старт имаше и Серхио Перез кој по првиот круг надомести две позиции и беше 6ти.

Кругот број 8 беше последната обиколка на Јуки Тсунода чија Хонда изгасна во последниот сектор, тој се паркираше крај патеката и донесе безбедносно возило кое остана два круга во трка. Рестартот не донесе ништо интересно.

Карлос Саинз во 23от круг ја отвори серијата промени на гуми, а круг по него тоа го направија и Ботас, Окон и Норис од првата десеторка. Верстапен промени во 25от круг, но се задржа дури 4,2 секунди, а следен беше Даниел Рикардо. Луис Хамилтон го превзеде водството три кругови и во 28та обиколка тој и Леклер променија гуми од првите две позиции. Сите промени беа од софт на медиум.

Луис излезе со прилична негатива во однос на Макс, го бркаше по патеката и во 43от круг се реши за нови медиум откако брзајќи ги потроши претходните, а Ред Бул не одговорија на таа стратегија очекувајќи да бидат конкурентни со старите медиум до крајот.

Во 47от круг Чеко Перез по долги напади успеа да го мине Даниел Рикардо и да го превземе неговото 5то место, а истиот круг австралијанецот и Карлос Саинз по втор пат променија гуми, ставија софт и се “бркаа“ до крајот.

Во 50от круг Рикардо го мина колегата Норис за 7мо место, а круг по него, Ландо падна и на 9то место откако загуби позиција и од Саинз и Фeрари.

Следниот 52ри круг Луис Хамилтон без отпор беше пропуштен од Валтери Ботас кој му го предаде своето второ место по претходна тимска наредба.

Естебан Окон во 53от круг загуби две позиции, најпрво од Рикардо, а потоа и од Саинз кои во тандем минуваа болиди со своите нови гуми.

Во 54от круг Валтери промени на софт, но загуби позиција, кој по 4 круга ја врати претекнувајќи го Шарл Леклер кој имаше медиум гуми кои ги возеше од 28от круг.

Перез монтираше нови гуми во 58от круг и постави најбрз круг, а таа можност за промена ја имаше и искористи и Лeклер од Ферари кои монтираше софт.

Во 60от круг, Хамилтон конечно стигна до Верстапен и беше супериорен со своите многи подобри гуми, лесно мина и го превзема водството, Макс веднаш влезе во бокс и освои дополнителен поен за најбрз круг.

Хамилтон со нова победа пред Верстапен и Ботас, а Ферари со Шарл Леклер најдобри од останатите пред Серхии Перез со вториот Ред Бул кој финишираше на 5то место. Даниел Рикардо ја иамше својата најдобра трка за Мекларен со 6то место пред Карлос Саинз и Ландо Норис. Два поени и 9то место за Естебан Окон кој имаше добри квалификации, но неубедлива трка, а поен освои и Пјер Гасли.

Возач на денот беше Луис Хамилтон со освоени 22% од гласовите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ