Штук: Стаинер е будала ако го отпушти Шумахер

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер е предупреден да не го отпушта Шумахер на крајот на сезоната. 

Договорот на Шумахер истекува оваа сезона и се верува дека на негово место ќе дојде Нико Хулкенберг. Стаинер изјави дека шансите на Шумахер се 50-50. 

За мене не се работи за една трка или еден круг. За мене е важно кој ќе биде најдобар за тимот – јасен е шефот на екипата.

Иднината на германецот е неизвесна, но тој се поврзува со Ауди кои треба да се појават на гридот од 2026 година. Стаинер потенцираше дека Хаас ќе донесе одлука пред последнта трка во Абу Даби. 

Поранешниот возач Ханс Јоаким Штук го предупреди Стаинер дека ќе биде будала ако го отпушти Шумахер. 

Се уште е рано за Ауди и Мик. Доколку не е во Формула 1, толку од него, а Јасно е дека местото му е во Формула 1.

Младите возачи знаат да прават инциденти бидејќи го бараат лимитот. Стаинер не смее да направи грешка да го стави Мик под притисок. Со вистински болид тој ќе постигне многу. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ