Шумахер е лут што не ја сменил позицијата со Магнусен

Мик Шумахер се прашува зошто немало тимска одлука за менување на позицијата со Кевин Магнусен поради што го загуби последното место кое носи поени на денешниот спринт на Ред Бул Ринг.

Шумахер 10 круга беше напаѓан од Хамилтон и одолеваше на нападите се до претпоследниот круг кога беше престигнат иако претходно се бранеше помогнат од ДРС. 

Германецот беше во ДРС зоната на неговиот колега Кевин Магнусен и тоа му помогна доста во борбата, но кога Магнусен се оддалечи, Шумахер беше лесна мета за британецот од Мерцедес. 

Шумахер: Мислам дека треба да го дискутираме тоа, иако мислам дека борбата за позиција со Луис беше доста забавна, Но мислам дека на моменти бев побрз. 
Новинар: Дали требаше да бидеш заменет со Кевин?
Шумахер: Да.
Новинар: Дали имавте разговор по радио?
Шумахер: Да.
Новинар: Дали тимот одби?
Шумахер: Тоа сеуште не го знам. 

Магнусен изјави дека не бил прашан од тимот да промени позиција и тимот имал одличен ден. 

Очигледно не слушнав што зборува Мик. Имавме одличен ден, Освоивме два поени и стартуваме од 7ма и 9та позиција утре. Не смее да сме разочарани. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ