Шумахер за Астон: Никогаш не вели никогаш

Мик Шумахер се осврна на шпекулациите кои се актуелни деновиве, а кои го ставаат во листата на најсериозни кандидати за место во Астон Мартин следната година, откако Себастијан Фетел потврди повлекување од Формула 1.

Четирикратниот првак во пресрет на тркачкиот викенд на Хунгароринг потврди дека по крајот на сезоната змаинува од спортот, така што многу брзо се појавија имиња кои евентуално би го наследиле во амбициозниот тим од Силверстон. Еден од најсериозните кандидати секако дека е 23-годишниот Мик Шумахер кој станува се подобар, а е негов близок пријател.

Запрашан околу позитивните коментари на Себ и местото во Астон, Мик одговори:

сеуште имам многу да направам овдека бо хаас и мојот фокус е на оваа сезона. никогаш не би рекол никогаш, но јасно е дека сега сум целосно насочен на оваа трка. ќе видиме што ќе се случи во иднина, ако имаме нешто да си кажеме, тоа ќе го направиме – изјави шумахер.

Надвор од патеката, семејството Шумахер одржува добар однос со семејството Строл. Своевремено Лоренс преку брендот Томи Хилфигер беше спонзор на Ферари додека Михаел Шумахер доминираше со екипата.

секогаш сме биле добри пријатели со строл уште во картинг тој секогаш се грижел за мене – откри мик.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ