Шумахер збунет од слабиот резултат на квалификациите

Мик Шумахер остана разочаран по квалификациите на Бразилското Гранд При откако истите ги заврши уште во првиот сегмент со најслабо време во ситуација во која неговиот колега освои пол позиција.

По последниот круг во првите 18 минути од сесијата, германецот не се разбра најдобро со тимот преку радиото откако му беше кажано дека неговиот обид не е доволно добар да напредува. Тоа му донесе бунување во врска со ритамот затоа што лично тој разбрал дека е во следниот сегмент и ќе се бори во топ 15.

за мене кругот беше добар и мислев дека беше доволно брз за да минам во следниот сегмент, но на крајот излезе дека сум најпоследен. многу збунувачки, не се разбравме со тимот и се чини дека немавме воопшто грип. патеката беше доста влажна, а мојата фрустрација доаѓа од таму што знам дека имавме силен болид.

значи утре на спринтот мораме многу понапорно да работиме, ништо не е завршено и јас сум голем оптимист – објасни шумахер.

Лошиот резултат дојде во тешко време за германецот додека се бори да го зачува своето место на гридот за следната година, а Гунтер Стаинер најави дека помеѓу Бразилското Гранд При и последната трка во Абу Даби, екипата ќе донесе конечна одлука за својот втор возач. Најсериозен кандидат да го превземе местото на Мик е неговиот сонародник Нико Хулкенберг.

мора да се обиде да напредува колку што може повеќе на стартот за да има подобро стртно место во недела кога се доделуваат големите поени. денеска премногу се двоумеше во својот круг затоа што веднаш доби мазни гуми, но се е можно и покрај тоа што е последен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ