Шумахер сака да ја прифати понудата на Тото за Мерцедес

Мик Шумахер по се изгледа ќе ја прифати понудата на Тото Волф и ќе стане резерва во Мерцедес, секако доколку истата официјално биде испратена.

Младиот германецо го загуби своето место во Хаас за следната година, но опција е седумкратниот шампион Мерцедес и резервно и тест место за него во екипата. Сепак, тој има договор со Академијата на Ферари кој сеуште не е официјално раскинат, така што сигурно дека ќе треба да биде прекината таа соработка пред да смени страна и да направи трансфер кај “сребрените стрели“.

откако хаас се одлучија за различен избор следната година ќе треба да седнеме со мик и да одлучиме што е најдобро за неговата иднина. во моментов немаме слободно место за него, а мислам дека најважно е дека е млад, рано е во кариерата и ќе има опции кои треба да си ги разглед. ние сме целосно отворени за било што – посочи матиа биното.

Тото Волф веќе го покани младиот возач на преговори, а Мик призна дека Мерцедес се една од опциите за во иднина.

мерцедес се фантастичен бренд, а нивните постигнувања во формула 1 се неверојатни. јас ги разгледувам моите опции, а мерцедес секако е дел од тие опции.

татко ми премина од ферари во мерцедес и јас не гледам причина зошто и јас да не го направам истото. имам време, млад сум, добро ќе ги анализирам опциите и се надевам дека ќе донесам правилна одлука. но, многу е убаво да се чуе дека мерцедес и тото ме сакаат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ