Шумахер се измачува со возење на задните позиции

Мик Шумахер изјави дека возењето на задниот дел од гридот без никаква конкуренција е мачење за него.

Актуелниот шампион во Формула 2 напредна во Формула 1 за 2021 година како дел од тимот на Хаас, приклучувајќи му се на Никита Мазепин во дебитантскиот тандем на американската екипа.

За возач со такво легендарно презиме, може да се каже дека возењето одзади далеку од главните случувања би било лошо, позиција во која се наоѓа со тимот на Хаас кој заостанува со својот болид. Но, тоа е всушност тортура за него.

Јас навистина не сфаќам што правам кога сум во болидот, јас само сакам да возам за да уживам во тоа што го работам.

И јас не уживам во тоа кога не сум прв, па тоа е вид на тортура кога се вози позади без вистинска конкуренција – смета мик.

Сепак, за среќа, Шумахер игра своја игра во трка за да осигури дека нема да му се намали мотивацијата.

Но, затоа морам да си направам своја трка, па да речеме ако го имам Николас Латифи пред мене или Расел, тоа е исто како за мене тие да се водачи и морам да ги стигнам.

Тоа е играта што ја играм за да останам секогаш мотивиран, секогаш да продолжувам да притискам и секогаш да бидам на 100 проценти.

Шумахер беше крунисан во Формула 3 и Формула 2 како шампион на патот кон Формула 1, но дали неговото презиме значи дека на тие достигнувања не им се дава целосна заслуга?

Шумахер ја знае својата вредност и вели дека тоа не е само презиме, туку е можност да се наследат гените и да се учи од можеби најдобриот учител на светот.

Мислам дека не можеш да ги направиш сите среќни и јас ја знам мојата вредност, знам што постигнав да бидам тука.

Да се ​​има тоа презиме не ми го дава само презимето, туку ми ги дава и гените, па мислам дека имам многу добар пакет и можеби најдобриот учител на светот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ