Шумахер: Се чувствував одлично и пред да освојам поени

Мик Шумахер смета дека имал одлично ниво на перформанси уште пред да ги освои своите први Формула 1 поени на Бритнаксото Гранд При на Силверстон годинава.

Воачот на Хаас финишираше на 8мо место на легендарната патека пред 6то место на следниот настан во Австрија. Германецот имаше тежок почеток на дебитантската сезона во спортот и редовно беше победуван од својот поискусен колега, Кевин Магнусем, а згора имаше и силни судари во Саудиска Арабија и во Монако.

се чувствував одлично на патеката и во болидот и пред да стигнам до моите први поени, така што беше само прашање на време кога ќе дојде топ 10 пласманот. ако погледнеме назад детално, со оглед на сите податоци кои ние ги имаме на располагање, бевме многу силни во мајами и во канада, но на моменти навистина немавме среќа, но на силверстон и ред бул ринг навистина се посреќивме – посочи мик.

Плановите на Шумахер за следната година сеуште не се потврдени, а шпекулациите велат дека тој може и да нема безбедно место во американската екипа. Со оглед на тоа што нема сигурно возачко место, тој посочи дека подобар е кога е под притисок.

на почетокот од оваа година беше тешко затоа што на некој начин тимот не знаеше како ќе се одиваат работите и како ќе се покаже нашиот болид. можеби премногу се обидовме да се адаптираме, но штом сфативме дека тоа не е вистински начин, почнавме да се менуваме, моето возење се промени и дојдовме до резултати.

мислам дека научивме многу и лично јас уживав во притисокот како и сегкоаш. ако ги погледнам моите формула 2 и фомрула 3 години, секогаш сум бил најдобар кога сум имал најголем притисок. 

сега имавме неколку добри трки, се надевам на уште до крајот на сезоната затоа што не престануваме да работиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ