Шумахер стана резервен возач и на Мекларен

Резервниот возач на Мерцедес, Мик Шумахер, ќе биде достапен како резерва и на Мекларен, објави тимот од Вокинг.

Мекларен потврдија дека ќе продолжат со аранжманот за споделување резервни возачи со нивниот добавувач на мотори. Во претходните години, тие се договорија со Мерцедес да ги повикаат Стофел Вандорн и Ник де Врис во случај да треба да заменат некој од своите возачи на трка. За сезоната во 2023 година, Шумахер ќе биде достапен доколку Ландо Норис или дебитантот Оскар Пиастри не можат да се тркаат.

Вандорн, кој сега се трка за ДС Пенске во Формула Е откако ја освои минатогодишната титула со Мерцедес, се пресели на резервна улога во Астон Мартин, додека Де Врис беше донесен од АлфаТаури како постојан тркач во 2023 година.

Шумахер беше промовиран во Формука 1 во 2021 година, откако ја освои титулата на ФИА во Формула 2 и помина две сезони во американската екиап. Одтогаш Хаас ја промени својата стратегија од потпирање на добро поддржани млади возачи кон искусни тркачи, а Нико Хулкенберг се врати оваа сезона заедно со Кевин Магнусен по тригодишно отсуство.

Доколку добие шанса во портокаловиот болид од Вокинг, Шумахер ќе работи заедно со новиот тимски шеф на Мекларен, Андреа Стела, кој беше инженер за перформанси на неговиот татко Михаел Шумахер во Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ