Јамамото: Не е можно две трки во Јапонија

Директорот на Хонда Формула 1, Масаши Јамамото, изјави дека две трки во Јапонија оваа сезона не се можни.

Втора година по ред не се одржува трката во Сингапур и се бара замена за истата. Се зборуваше за трка во Истанбул и Кина, но и двојна трка во некоја од посточеките, а најмногу се смета на Јапонија. Но, Јамамото верува дека тоа не е можно бидејќи сеуште голем дел од популацијата нема примено вакцини.

Лично би сакал да видам две трки во Јапонија, но проблем е со вакцинацијата. Би бил среќен да се одржат Олимписките игри и трката во Сузука пред фанови. во најлошо сценарио нема да има публика и на ТВ ќе гледаме колку е силна Хонда, Но не може два пати нели. Во Јапонија само 10% од населението е вакцинирано. Мое лично мислење е дека не може две трки.

На него не би му сметало доколку нема замена за Сингапур и календарот да се скрати на 22 трки.

Лично мислам дека нема разлика од 22 до 23 трки. Не ми е многу гајле.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ