Јуки го спореди својот однос кон де Врис и Гасли

Јуки Тсунода доби нов колега сезонава и наместо французинот Пјер Гасли вози крај холанѓанецот Ник де Врис, отривајќи ги разликите во односот кон двајцата.

Де Врис е дебитант кој вози за малата екипа од Фаенца годинава, а претходно има Формула 2 и Формула Е титули зад себе. Јуки и Гасли возеа две години во тандем, имаа одличен однос, соработуваа како на патеката така и надвор од неа.

добро е со ник затоа што бевме пријатели и пред да станеме колеги, можеби три години претходно. прв пат се сретнавме во авион накај монако, а го познавам од деновите во картинг.

од весниците следев дека тој победува и освојува титули, знаев за него, но немав личен однос, а кога јас освоив пол позиција во формула 2 тој ми честиташе преку инстаграм, нешто што не го очекував. сепак, нашиот личен однос и комуникација почна пред три години во монако – посочи јапонецот.

Освен што се запознаваат и зближуваат, Јуки призна дека многу учи на патеката од искуството на холанѓанецот.

на улични патеки тој секогаш се движи многу блиску до оградата, мислам дека тоа му е од формула е искуството. импресиониран сум и од повратниет информации кој ги дава на инженерите, дава многу податоци за болидот, научив доста од него и сеуште многу учам.

Јапонецот, сепак, призна дека неговиот однос со Ник не е толку непосреден како оној кој го имаше со Гасли.

дефинитивно е поинаку затоа што пјер ми беше како брат, целосно бевме отвореин еден кон друг. се чувствував многу удобно крај него, додека со ник сеуште го градиме односото и понекогш се шегуваме. не би рекол дека ник ми е како брат, но ми е навистина многу добар пријател, ручавме заедно во мелбурн и шетавме низ градот.

кога ќе го видам пјер на патеката се поздравуваме, тој живее во милано, така што доста се гледаме и ручаме заедно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ