Јуки не уживал во Ф1 лани

Јапонецот Јуки Тсунода откри дека заборавил да ужива во Формула 1 трките минатата година затоа што се на што мислел додека возел бил притисокот да си обезбеди нов договор со тимот.

Јуки имаше тежок почеток на неговата дебитантска Формула 1 сезона кој мина со судари и неконстантни перформанси, така што шпекулациите дека ќе биде отстранет од тимот веднаш се појавија. Но, 23-годишникот ги направи потребните подобрувања за да остане во екипата и лани, иако откри дека бил под голем притисок да испораа и да ги оправда очекувањата.

На крајот на Септември екипата го потврди неговото останување во Фаенца 3та година по ред, така што со решено прашање за иднината, тој почнал да ужива, а перформансите се вратиле.

секако дека давав се од себе, но кога ќе ја анализирам минатата година, немав договор од азербејџан до јапонија, тоа е долго време да возите под притисок. во тие моменти заборавив да уживам во формула 1 трките, возев само за да си обезбедам договор, а не треба да биде така.

кога ќе се присетам какви резултати имав во вториот дел од сезоната, уживав во моментот и тоа е најважно. не сакате да возите само за договор, јас возам за да покажам колку сум добар и брз. верувам дека сум еден од најдобрите на гридот и сакам тоа да го докажам преку резултати – посочи тсунода.

Тоа што добил нов договор му овозможило да се посвети на оваа сезона и да има огромен скок во перформанси. Годинава го нема искусниот колега Пјер Гасли крај себе, така што со дебитантот де Врис во тимот, тој мора да ја носи екипата и очекувањата од него се поголеми.

Со таков притисок над себе, тој стана многу поконстантен, ги освои единствените поени за тимот преку 10то место во Мелбурн и Баку, а на останатите три трки беше 11ти.

годинава уживам многу повеќе од минатите години во мојата кариера и тоа ми дозволи да дознаам колку многу тркањето ми значи и формула. ми значи, нешто што две години го имав заборавено.

на секоја трка лани сметав дека можев повеќе, дури и во квалификациите имав такво чувство, но сега сум во мојата 3та година и не е повеќе така, имам поголема верба во себе. дознав колку формула 1 и тркњето ми значат, секој ден размислувам на тоа.

гледав неколку документарни филмови за време на паузата и не сакам да бидам како некој кој се кае за постигнувањата, сакам да дадам се што можам во формула 1 и такво размислување ќе ме направи променет и посилен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ