Јуки се напна: Фановите кои веруваат во теории на заговор немаат мозок

Јапонецот Јуки Тсунода остро ги демантираше теориите на заговор кои произлегоа од неговото откажување од Холандското Гранд При, посочувајќи дека оние кои веруваат во истите, треба да си ја проверат главата.

За време на трката, тој застана на патеката пријавувајќи дека има олабавено тркало, но доби информација од тимот дека се е во ред и продолжи во боксот. Промени гуми и веднаш откако се врати на патеката повторно застана и предизвика виртуелно безбедносното возило. Токму тоа му овозможи на Верстапен бесплатна промена на гуми што на крајот се покажа клучна за неговата 10та победа сезонава.

Следуваа обвинувања дека АлфаТаури работеле под ингеренции на Хана Шмиц, главниот стратег на Ред Бул за да донесат времен прекин на трката.

навистина е смешно што фановите се возбудени секогаш кога ќе има некоја таква приказна. почувствував нешто чудно во задниот дел од болидот што најпрво помислив дека е проблем со гумата, по што тимот ми јави да го паркирам болидот на безбедно несто на страна од патеката. застанав и речиси изгаснав се.

потоа тимот повторно ми се јави и ми кажаа дека немам никакви проблеми поради што повторно го стартував болидот и продолжив во боксот по нови гуми, но повторно почувствував дека имам некаков проблем. јавив на тимот дека нешто не е во ред и поради тоа ми кажаа да сопрам.

јасно е дека имавме проблем со болидот, а потоа потврдивме дека нешто не е во ред со диференцијалот. секако дека ситуацијата збуни многумина, но немаше можност д асе жалам до тимот, а приказната за ред бул беше лудило, лудило.

и јас имав можност за добар пласман и добри поени, така што не гледам причина зошто би помагал на некој – опиша тсунода.

Запрашан дали фановите имале право да се сомневаат во некаква теорија на заговор со оглед на минатото, Тсунода посочи дека не сака да знае што било во минатото, а оние кои се сомневаат треба да си го прегледаат мозокот.

не сакам да знам и не ми е грижа. сакам да ги прашам како им изгледа мозокот, да си го скенираат да видат дали е се во ред со него затоа што е многу чудно како овие приказни се создаваат.

ред бул и алфатаури се различни екипи, секако дека имаат исти сопственик, но се целосно независни. ние сме во италија, тие во англија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ