Јуки смета дека Себ би бил одличен шеф во Ред Бул

Младиот јапонец од АлфаТаури, Јуки Тсунода, верува дека четирикратниот првак, Себастијан Фетел, би бил одличен шеф во некоја улога во неговиот матичен Ред Бул тим.

Фетел се повлече од тркачката серија по крајот на минатата сезона по 15 години минати во спортот во кои освои четири титулу со Ред Бул со кои доминираа од 2010 до 2013 година. Можноста Себ да се врати на Формула 1 гридот во иднина ја посочи Тсунода кој му даде поддршка на возачот.

би било интересно да го го видиме себастијан како шеф на некоја екипа. тој може да биде што сака и ако хелмут марко замине мислам дека тој ќе работи со младите возачи. себастијан би бил одличен во грижата за младите возачи затоа што е еден од најуспешните во формула 1 – смета јуки.

Јапонецот смета дека фактот што Себ е отворен и сака да зборува многу на состаноците со возачите во минатото, покажува дека може да биде добар менаџер или нечиј ментор.

од сите наши состаноци во минатото, тој секогаш посочуваше каде патеката може да се подобри, каде треба повеќе тротоар и слично. ако некој кажуваше мани и аномалии, тоа беше себ.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ