Јури Випс нова резерва на Ред Бул за Турција

Формула 2 возачот Јури Випс ќе се приклучи на Ред Бул и АлфаТаури како нивна официјална резерва за претстојната трка за Големата награда на Турција. 

Младиот Випс е дел од јуниорската програма на Ред Бул од 2018 година и требаше да вози во јапонската Супер Формула, но поради честите патувања плановите се искомплицираа. 

Випс веќе возеше во Формула 2 и регионалниот европски шампионат во Формула за сега да биде резервен возач на Ред Бул во Истанбул. “Биковите“ објавија дека тој ги поминал задолжителните 300 километри за да добие ФИА суперлиценца и да може да се трка.

Естонецот ќе ги замени регуларните резерви Себастијан Буеми и Серхио Сете Камара кои имаат свои обврски во тркачките серии каде се натпреваруваат, Буеми се трка за Тојота во ВЕЦ финалето во Бахреин. Випс веќе има 32 поени на суперлиценцата и напредуваше поради промените кои ФИА ги донесе. 

Јури сеуште нема возено Супер Формула оваа година, но се чини дека Ред Бул не го планира во јапонската серија. Тој се приклучи на ДАМС во Формула 2 како замена за повредениот Шон Гелаел од трката на Белгиска Спа и веќе има 16 поени на осум трки вклучувајќи и подиум во Муџело. 

Гелаел се враќа по повредата на грбот во Бахреин и не се знае дали ќе биде потребен Випс до крајот на година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ