Њуи се премисли: Сега му се допаѓаат новите правила

Сланиот Формула 1 дизајнер, Адриан Њуи, се премисли околу новите аеродинамички правила за оваа сезона откако прично не беше нивни фан.

Инженерот на Ред Бул годинава посочи дека е штета што Формула 1 повторно се решила да го следи принципот на земјен ефект при конструкција на целосно новата аеродинамика за оваа година.

ако смислуваме целосно нови правила, треба да бидем есигурни дека тие се вистински, но овие кои се на сила не се – изјави њуи претходно сезонава.

Тој создаде доминантен болид сезонава со кој Ред Бул и Макс Верстапен стигнаа до двоен наслов за прва конструкторска титула на екипата од Милтон Кинс од 2013 година.

кога прв пат ги прочитав правилата пред две години бев навистина силно фрустриран затоа што изгледаа многу рестриктивни, ограничувачки. морам да признаам дека во меѓувреме се премислив.

шасијата и предното крило имаат зададено само рамка, но има многу области каде има изненадувачки многу слобода за работа како страничните делови и подот.

различните дизајни на страничните делови се лесно воочливи што е добра работа – објасни њуи.

Фактот што овогодинешните болиди визуелно се разликуваат покажува дека екипите навистина се трудат и бараат начин како подобро да ги искористат новите правила.

рзликите значат дека никој од нас не е апсолутно во право дека најдобро сработил некој дел. мерцедес беа големо изнадување, ние не ја најдовме таа “дупка“ во правилата која тие сакаа да ја искористат.

Британецот смета дека токму поради тоа што се нови и што претерано многу се учи од нив, новите правила се доста возбудливи.

лани болидите беа производ на долг процес на истражување и развој затоа што правилата неколку години беа стабилни и исти, така што немаше промени и се се темелеше на исти принцип.

“Биковите“ победија 17 пати на вкуно 22 одржани трки сезонава, но општото гледиште на возачите од гридот е дека следењето и претекнувањето е далеку полесно. Њуи смета дека новите правила не постигнале една цел, а тоа е дека не ги намалиле разликите помеѓу најбрзите и најбавните.

на почетокот ние и ферари бевме на исто ниво, а кон крајот на сезнаота ни се доближи и мерцедес. искрено, очекував поголеми разлики помеѓу екипите.

Тој исто така посочи и дека буџетското ограничување ќе обезбеди болидите да продолжат да се разликуваат во иднина.

немавме време детално да го разгледаме и проучиме концептот на мерцедес затоа што со ограничен буџет тој луксуз повеќе не може да се дозволи.

можеби многумина ќе се решат да го копираат нивниот концепт ако се опкаже успешен, но ние сметаме дека нашиот развој е најдобар и продолжуваме со нашиот концепт. можеби некој друг има подобра идеја од нас, но пакетот се покажа победнички годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ