Првиот дизајниран болид од Адријан Њуи уништен во Гудвуд

Првиот Формула 1 болид дизајниран од Адријан Њуи, Лејтон Хаус ЦГ901, беше уништен во несреќа за време на Фестивалот на Брзина во Гудвуд викендов.

Лејтон Хаус ЦГ901 од сезоната во 1990 го возеше Ричард Хоуп за време ридското искачување кога изгуби контрола додека се приближуваше до свиокот Молкомб.

Ова го доведе во извртување и силен удар во бариерите од слама, пред да се врати на патеката.

Хоуп излезе неповреден, но болидот претрпе значителна штета на предниот и задниот дел.

Тоа беше трета голема несреќа што се случи во свиокот за време на 30от јубилеен викенд на Фестивалот на Брзината по ударот на Мекларен Ф1 ГТР и Хјундаи РБ22e.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ