Ќе се вози почесен круг во чест на Сер Френк во Џеда

Формула 1 ќе му оддаде почи на починатиот Сер Френк Вилијамс во пресрет на Големата награда на Саудиска Арабија денеска.

Легендарниот тимски шеф и основач на Вилијамс почина минатата недела на 79-годишна возраст. Третиот најсупешен тим во спортот, Вилијамс, е негово дело кое го основаше во 1977 година, а лани летото го продаде на американскиот инвестициски фонд Дорилтон Капитал.

Буквално сите екипи го имаат испишано неговото име и неговото лого на своит еболиди викендов, се разбиа најмногу Вилијамс, а за оддавање почит се подготвува и самата тркачка серија.

Во 19.20 часот локално време во пресрет на трката, Формула 1 ќе намени едноминутно молчење во чест на Сер Френк, а почит во тој момент ќе оддадат сите возачи и шефови на тимови заедно со Рос Браун и Стефано Доменикали како и првиот човек на ФИА, Жан Тод, по што ќе следува аплауз.

Во 20 часот по локално време штом се затвори излезот од боксот, ФВ07 болидот ќе сврти круг во чест на легендарниот Сер Френк.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ