Џенерал Моторс анализираат сопствена програма за Ф1 мотори

Џенерал Моторс потврдија дека ќе бидат партнери на Андрети во нивниот Формула 1 проект и во моментов анализираат почеток на сопствена програма за мотори од 2027 година.

Мајкл Андрети, синот на Ф1 легендата Марио, сакајќи да ги засили своите шанси за влез на гридот, на почетокот на годината склучи договор со Кадилак, бренд на Џенрал моторс. Одтогаш, Форд објави дека од 2026 година ќе соработува со Ред Бул на Формула 1 моторот, така што и ЏМ веднаш побрзаа да размислат за сопствена програма.

Шефот на ЏМ Моторспорт, Ерик Ворен, поранешен шеф на Наскар програмата на компанијата, откри дека се работи на проценка на Формула 1 програма а мотори.

џенерал мотор се мотивирани да бидат вклучени во дизајнирањето на болидот, целокупниот процес, а не само брндирање на туѓ мотор. соработката помеѓу кадилак и андрети ќе биде при целокупното создавање на болидот – вели ворен.

Доколку Андрети добие дозвола да се појави на гридот од 2026 година, веќе потврдија дека ќе користат мотори на Алпин.

Ред Бул од 2026 година ќе користат свој мотор, произведен од Ред Бул Пауертреинс, така што Хонда во моментов иако потврди учество во Формула 1, не потврдија со која екипа.

по 2026 година би сакале да се тркаме и да се осигураме дека ќе бидеме сични, така што доаѓа во предвид и сопствен мотор. не отпишуваме дури на наш мотор во 2026 година како и останатите нови производители, иако пореално е најрано во 2027 година.

правиме анализи, ги разгледуваме моторите и правилата, а андрети имаат партнер со кој многу брзо може да почне да се тркаат.

Кадилак произведуваат 5,5 литарски атмосферски мотор В8 за својот ЛМДх прототип преку GM Performance and Racing Center. Запрашан дали новиот мотор ќе биде направен во нивниет фабрики, Ворен одговори:

мислам дека е многу тешко да се произведе секој дел од моторот во една фабрика, затоа секогаш постојат технички партнери со кои се работи. тоа можеме да го сработиме, да одбереме и да составим дел од елементите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ