Браун: Андрети и Кадилак е привлечен предлог

Извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, изјави дека поврзувањето на Андрети со ГМ групацијата за влез во Формула 1 е привлечем предлог иако не беше добро пречекан од конкурентите. 

Андрети никогаш не криеше дека сака да направи сериозен тим во Формула 1 и веќе подолго време се обидува да влезе во тркачката серија иако тимовите не го пречекаа добро. Но сепак, мислењето на некои тимови омекна посебно кај Мерцедес, додека Алпин се надеваат дека нивниот мотор ќе биде само ребрендиран. 

Андрети е големо име во моторспортот. џенерал моторс е производител во Индикар и мислам дека е привлечен предлог. Формула 1 има голем раст и Одамна не сме имале нов тим. Одлично е што Формула 1 оди на нови пазари со нови тимови и спонзори. Мислам дека е добро да ги донесеме во спортот. Може да направат привлечна екипа – смета американецот.

Браун додаде дека е свесен за работата на Андрети со ФИА за нивен влез, но очекува тендер од Формула 1 за да може и други тимови да конкурираат. 

Не го следам целиот процес, но мислам дека ова се возбудливи времиња за Формула 1 и ФИА. Целиот тендер не се случил одамна и мислам дека треба добра презентација.

ФИА и Формула 1 го прават целиот процес и разгледуваат кој може да влезе. Мислам дека има голем интерес од повеќе производители и мислам дека може да очекуваме уште многу. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ