Џејмс Кеј е горд што Мекларен презентирале вистински болид

Техничкиот директор на Мекларен, Џејмс Кеј, изјави дека е горд што тимот успеал да го презентира вистинскиот болид. 

Хаас и Ред Бул користеа компјутерски рендери за да ги покажат новите бои, додека Мекалрен и Астон Мартин ги покажаа вистинските болиди со кои ќе возат на тестот во Шпанија овој месец. 

Мислам дека може да сме горди што презентиравме вистински болид – посочи кеј.

Тој сепак призна дека тие скриле доста на официјалните фотографии. 

Да, скривме некои делови од очигледни причини. Тие се осетливи делови кои не сакаме да бидат забележани.

Новите правила кои стапија на сила оваа сезона треба да ни донесат нови болиди кои се целосно различни од ланските. 

Развојот сеуште е во тек и ова е фаза на учење. веќе откривме дека Ќе носиме надградби во Бахреин. Новите делови се веќе во производство и мислам дека болидот ќе се менува.

Има три фази. Прво е да го научиме болидот, второ е корелациајта и трета се очекувањата. Следна фаза се идеите кои ќе ги добиеме, Но мислам дека развојот е процес и одите до крај. Потоа има информации од другите тимови, какви предзвици или проблеми имале.

Мислам дека влијанието на сите нас ќе ни помогне во развојот. Има многу потенцијал во овие болиди. Никогаш не е доцна да се справите со предизвикот дури и ако заостанувате на почеток. Имате цела сезона пред вас. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ