Џовинаци добива две петочни сесии со Хаас

Италијанецот Антонио Џовинаци повторно ќе седне во Формула 1 кокпит оваа сезона откако американски Хаас му додели две петочни тренинг сесии.

Џовинаци ќе вози на првите 60 минути од Италијанското Гранд При во Монца следниот месец, а повторно ќе седне во ВФ-22 болидот во Октомври на Американското Гранд При во Тексас.

Италијанецо има тригодишно искуство во Формула 1 со Алфа Ромео, а негов најдобар пласман беше 5то место на Бразилското Гранд При, но по крајот на минатата сезона беше заменет од кинезот Гуанју Жу. Тој е резервист на Ферари од 2017 година откако претходно заврши на 2ро место во ГП2, а во кариерата дури седум пати возел петочни сесии за Хаас.

мило ми е што повторно добивам шанса да возам на официјален формула 1 тркачки викенд. настрана возењето во симулатор, важно е да се тестира вистински болид и нетрпелив сум повторно дасе појавам на патеката. убеден сум дека добро ќе се снајдам со оваа нова генерација болиди затоа што тоа е најдобар начин да бидам подготвен доколку бидам повикан на замена.

возење на предизвикувачки и возбудливи патеки како монца и кота ќе го направи моето појавување во кокпитот уште повозбудливо. благодарност до хаас и ферари и нетрпелив сум да придонесам во тимот за кој имам тестирано во минатото – задоволен е џовинаци.

Со 60 Гранд При трки во својата кариера, тој нема да го задоволи правилото за две тренинг сесии за млад дебитант, но Алфа Ромео го имаат задоволено тоа уште на почетокот на сезоната затоа што имаат дебитант за редовен возач.

задоволни сме што можеме да му дадеме шанса на антонио на две петочни тренинг сесии. ферари беа љубезни да ни го позајмат за да го пробаме во актуелната генерација формула 1 болиди на тркачки викенд, а тој без проблем се согласи да помогне.

имавме слични сесии во 2007 година, но сега е поинаку, има големо формула 1 искуство во себе, стекна рутина во трите години минати на гридот и сигурен сум дека ќе ни биде од голема помош. нетрпелив сум да го видам во падокот – вели гунтер стаинер, шефот на хаас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ