Џовинаци се надева дека излетувањето нема да му ги уништи шансите за враќање на гридот

Антонио Џовинаци се надева дека сударот на првиот тренинг во Америка нема да му ги уништи шансите за враќање на гридот догодина.

Резервистот на Ферари втор пат годинава доби шанса д вози петочен тренинг со Хаас, овој пат на Патеката на Америките откако истата можност ја имаше и во Монца. Но, овој пат не бееш добро затоа што загуби контрола низ “есовите“ во првиот сектор, се изврте и заврши во оградата. Сето тоа во пресрет на одлуката на Хаас во врска со вториот возач крај Кевин Магнусен следната година.

Италијанецот целосно ја превзема вината за инцидентот поради ветерот, но се надева дека грешката нема да му ги уништи шансите за место на гридот догодина.

секако дека излетувањето нема да ми помогне, но веќе покажав што можам да сторам во формула 1. знам дека еден круг не може да ми ја уништи кариерата и ќе видие што ќе се случи, нетрпелив сум. имам трогидшно формула 1 искуство и ако некој ме сака, ова што се случи денеска нема никаква врскаа. во минатото сум одработувал одлично – вели џовинаци.

Под црвено знаме, тој успеа да го извади болидот од бариерите, но ја уништи спојката која мораше да биде променета пред вториот тренинг, а тимот потврди дека ќе се менува и менувач. Во врска со шансите да се појави на патеката до крајот на годината, тој не е млад возач и има многу трки зад себе, така што секое појавување е неочекувано.

во формула 1 никогаш не треба да се вели никогаш. видовме што се случи со ник во монца, да видиме што ќе се случи и со мене, но во моментов не знам што ќе правам следната година.

Хаас е една од двете екипи кои имаат слободно место за следнаа сезона, другите се Вилијамс, но кај нив по се изгледа младиот Логан Сарџент ќе биде потврден. Во американската екипа освен актуелниот Мик Шумахер се почесто во комбинација е и Нико Хулкенберг. Фокусот на Џовинаци е враќање во Формула 1, а во спротивно би се вклучил во ендјуранс серијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ