Џордан: Прост е најдобриот, не Шумахер или Сена

Поранешниот тимски шеф во Формула 1, Еди Џордан, вели дека тој би го избрал Алан Прост наместо Михаел Шумахер или Аиртон Сена како најдобар возач на сите времиња.

Дебатата околу најдобриот во Формула 1 ќе трае засекогаш, но возачите како Шумахер, Хамилтон и Сена се едни од најпопуларните имиња кои се споменуваат во таа листа.

Но Џордан, од својата листа на возачи, сепак би го избрал “Професорот“.

Не се согласувам за Михаел и луѓето често ме прашуваат кој е најдобар возач кој сум го имал во мојот тим. Како Френцен, Физикела, Баричело и Ирвајн. Неколку недостасуваат, Херберт и Жан Алези.

Ако ги ставиме тие на листата и ме прашате кој е најдобар, секако ќе кажам Михаел со неговиот неверојатен талент, но и Сена го имаше тој талент.

Секогаш е тешко да се избере еден од двајцата. Често сум тој кој доведува до хаос по ова прашање бидејќи сметам дека ниту еден од тие возачи не е најдобар против Алан Прост. Луѓето ме прашуваат дали сум сериозен. Работата е што Алан Прост освои четири титули, една ја загуби за половина поен … Тоа што ми се допаѓа кај него е што се докажа низ долг период.

Тој сеуште работи, тој е сеуште истиот човек. Бевме во тим во 1979 година, тој беше младо дете, како и јас. Тоа што го постигна во тој период беше неверојатно. Тоа што го истакнува е што никогаш не му сметаше кој ќе биде негов тимски колега – се присетува еди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ