📷 Фетел со розева кацига ќе биде амбасадор на BWT

Годинава Себастијан Фетел ќе се трка со целосно нова розева кацига откако потпиша договор да биде амбасадор на австриски БВТ, еден од главните спонзори на Астон Мартин, инаку компанија за третман на вода.

Во најголем дел од својата кариера Себ се тркаше со бела кацига на која го имаше германското знаме на врвот од истата. Но, во пресрет на првото официјално појавување во Астон Мартин, тој ја откри новата кацига по соработката која ќе ја има со БВТ.

До минатата сезона, болидите на екипата од Силверстон беа во розева боја, но иако тимот го промени главниот спонзор и ќе се трка во зелена боја, БВТ остана како еден од главните партнери. Со цел да биде повидлива на трките, комапнијат реши да го ангажира Себ како свој амбасадор, а на задниот дел од неговата кацига ќе биде испишано “Промени го светот, капка по капка“ (‘Change the world, sip by sip’).

иднината е многу важна и мораме да дадеме се од себе за да ја заштитиме планетата за нашите деца и за сите млади. сите делиме одговорност, а ние се здруживме за да направиме разлика.

како формула 1 возач мислам дека зборувам од име на многумина и сакам да се чуе мојот глас. задоволен сум што најдов нов партнер во бвт кои ја делат мојата перспекгива и цел. со намалување на пластичниот отпат, можеме светот барем малку да го подобриме, капка по капка – изјави фетел за новата соработка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ