📷 Чеко ја покажа својата прва “Ред Бул кацига“

Серхио Перез ја покажа својата кацига за претсојната сезона, која патем ќе биде негова прв во Ред Бул и потенцираше дека дизајнот е омилен во неговата досегашна Формула 1 кариера.

Иако мексиканецот долго време во 2020 година беше со непозната иднина, сепак, по  крајот на сезоната, од Милтон Кинс соопштија дека тој ќе вози крај Макс Версрапен за 2021 година.

задоволен сум што конечно можам да ви ја покажам мојата тркачка кацига, прва откако возам за ред бул. навистина сум нетрпелив да почнам да се тркам за тимот.

дефинитивно ова е моја омилена кацига во кариерата, сум носел многу, но овој го чувствувам посебно – објасни перез.

На врвот на кацигата го има мексиканското знаме, а во неговата средина со жолти бројки е испишана “неговата“ 11ка, а слична комбинација на бои е и во останатиот дел од кацигата. Претходните години, Чеко носеше претежно розева кацига поради главниот спонзор на неговта претходна екипа. Од левата и десната страна на кацигата доминира Ред Бул со своето лого.

жолтата секогаш е моја омилена боја, но во минатото морав да одам со розева, така што сега конечно си добив жолта кацига. го имам знамето на врвот што е прекрасно да се види од камерата од болидот, знамето е централно и за мене мексико е нешто посебно.

уште еден посебен момент за мене се зборовите “Never Give Up“ испишани на задниот дел така што да ги гледам секогаш пред да ја ставам кацигата и да ме потсети никогаш да не се откажам – ја опиша својата кацига серхио.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ