Валтери со нов мотор и казна во Италија

Валтери Ботас ќе отслужи казна на Италијанското Гранд При, трет пат во последните шест трки, за промена на мотор откако претходниот откажа на Зандворт минатата недела.

Возачот на Алфа Ромео го паркираше својот болид на главниот правец во Холандија во 54от круг. Тој има на располагање два мотори, но швајцарската екипа е свесна дека за остатокот од сезоната ќе им треба уште еден, така што ја одбраа Монца да отслужување казна со надеж дека ќе може да претекнуваат.

Финецот ќе добие нов мотор со внатрешно согорување, нов турбо полнач и нов топлински дел од Системот за повраток на енергијата, така што казната ќе биде вкупно 15 позиции, а доколку дополни уште делови, ќе тргне од последно место.

Финецот нема среќа со моторите сезонава откако промени се за време на викендот во Австрија, а во пресрет на трката повторно вгради ново турбо и топлински дел. Во Белгија исто така имаше нов мотор и 15 позиции казна, така што овој кој се инсталира во Монца е 5ти за него годинава, додека турбо полначот и МГУ-Х се 7ми.

Во моментов тимот од Хинвил е на 6то место кај конструкторите со 51 поен, но нема поени на минатите шест трки. Ботас беше најбрз на квалификациите во Монца лани за Мерцедес и победи на спринтот, но потоа промени мотор и стартуваше од позадина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ