24 Часа Ле Ман одложена за Септември

Организаторите на легендарната трка 24 Часа Ле Ман која традиционално се одржува во Јуни, од 13-14, е поместена за 19-20 Септември.

Трката на издржливост е уште еден од настаните кои се откажани поради пандемијата од вирусот КОВИД-19.

Во Франција моментално има рестрикции како и во други земји ширум светот со цел да се спречи ширењето на Корона вирусот. Како резултат на тоа, организаторите на трката, во соработка со ФИА и Светското Првенство на Издржливост, одлучија да се одложи истата од 13-14 Јуни.

Веќе постои преседан Ле Ман да се одржи во Септември. Тоа се случи во 1968 година како резултат на големи штрајкови во Франција. Одложувањето на настанот ќе бара дополнително презакажување на други трки во ВЕЦ првенството.

Ова е правилна одлука, да се одложи трката поради моменталната ситуација. Работиме на ревизија на календарите во ВЕЦ и ЕЛМС првенствата до крајот на сезоната. Во наредните неколку дена ќе имаме дополнителни информации за двете првенства – изјави шефот на ВЕЦ, Жерар Нову.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ