Окон: Француско ГП би било одлично на Ле Ман

Естебан Окон изјави дека би било добро да се одржи трка за Големата награда на Франција во Ле Ман откако ќе истече договорот на Пол Рикар по трката викендов. 

Француското Гранд При на Ле Кастеле прв пат се одржа во 2018 година и оваа година истекува договорот иако не се одржуваше сите години поради пандемијата. Пред Пол Рикар, Формула 1 возеше на Мањи Кур од 1991 до 2008 година. 

Имаме повеќе опции. Мислам дека трка во Париз не е реална бидејќи има многу луѓе таму. Има повеќе опции и неколку улични трки, но сепак имаме добри патеки како Мањи Кур и Ле Ман. Трка на Ле Ман би било одлично – посочи естебан.

Окон потенцираше дека треба да се размисли за промена бидејќи со оглед на краткото време и ресурси, луѓето во падокот нема каде да одат. 

Можеби е добро една година во Франција и друга во Белгија, но може и на други патеки. Секако има нови интересни патеки и не ми е многу важен бизнис делот бидејќи Формула 1 треба да оди на подобри места.

Мајами и Џеда се интересни и има доста нова публика, но сепак не треба да се даде попуст на старите патеки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ