Алонсо: Ле Ман е пребрз и претесен за Ф1

Двократниот Формула 1 и Ле Ман победник, Фернандо Алонсо, демонстрираше со болид на Алпин пред почетокот на овогодинешното издание на трката.

Формула 1 возеше една трка на легендарниот Ле Ман во 1967 година, трка на која победи ек Брабам. Нандо опиша дека имал многу посебно искуство возејќи Формула 1 болид на Ле Мен, иако не доби можност да комплетира круг со полна брзина. Во врска со постигнтото време, Нандо очекува значително да биде побрз со Формула 1 болид одошто со хипер автомобил кој се трка на легендарната 24-часовна трка.

мислам дека симулациите велат дека ќе возиме круг под три минуви, нешто повеќе од половина минута побрзо од хипер автомобилите, но тоа е совршен круг што не е лесено затоа што формула 1 болидите на предолгите правци е бидат невообичаено брзи.

точките на кочење по толку долгите правци ќе бидат тешки затоа што предните гуми ќе се закочат и ако сериозно притискате, ќе биде многу сресно. среќен сум со мојот круг кој беше само за демонстрација – опиша алонсо.

Запрашан за можната Формула 1 трка еден ден на Ле Ман, Фернандо смета дека ктуелните болиди ќе бараат адаптирање.

би било забавно да се тркаме таму и мислам дека нема да ни одземе премногу време во однос на подготовка или инженеринг за да ги подготвиме болидите. дури и со кусо време на подготовка, болидот може да се подготви за круг за демонстрација, а тоа е доста блиску до трка.

не знам, брзините ссе преголеми за безбедносните стандарди, веројатно ќе мора и самата патека да се подготви. мислам дека ќе биде пребрзо со сегашната конфигурација, патеката има огромни правци и ќе бара промени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ