Главните лица во Формула 1 едногласно се согласија да ја одложат презентацијата на правилата за 2021 година до Октомври.
Формула 1 е во процес на дефинирање на структурата на Техничката и Спортската Регулатива од 2021 година, а се очекуваат значителни промени. Според правилата на ФИА таква регулатива мора да биде презентирана пред крајот на Јуни, само доколку сите странки едногласно не се согласат дека е потребно одложување. Тоа се случи, иако 5 тимови одбиле да потпишат без гаранција дека плановите за ограничување на буџетот ќе останат дел од новите правила.
Неколку состаноци беа одржани во текот на Канадското Гранд При, а последниот се случи во Четврток во Париз.
ФИА, Формула 1, тимските шефови и техничките директори од 10те екипи, како и Пирели, се состанаа, покрај светскиот шампион Луис Хамилтон, Нико Хулкенберг од Рено и директорот на ГПДА, Александер Вурц.
Потврдено е дека имало едногласно согласување да се одложи презентацијата на новите правила за 2021 година до крајот на Октомври 2019.