Продукцијата на филмот за Ф1 со Бред Пит е одложена

Претстојниот филм за Формула 1 со Бред Пит во главната улога е одложен поради штрајкот од страна на САГ-АФТРА.

Продукцијата на претстојниот филм за Формула 1 со Бред Пит е одложена поради тековните штрајкови во кои се вклучени синдикатите на актерите и писателите во Соединетите Држави.

Неколку проекти од висок профил беа ставени во мирување откако Здружението на актерите на екранот-Американската федерација на телевизиски и радио уметници (САГ-АФТРА) стапи во штрајк за прв пат од 1980 година поради спорот околу плаќањето и употребата на вештачка интелигенција во продукциите.

За време на премиерата во Обединетото Кралство на „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, неколку актери излегоа и беа откажани медиумските обврски откако САГ-АФТРА го изгласаа почетокот на штрајкот.

Филмовите и телевизиските емисии веќе беа забавени поради тоа што многу сценаристи штрајкуваат од Мај, а штрајкот на актерите најверојатно ќе влијае на завршувањето на повеќе холивудски филмови.

За претстојниот Ф1 филм во режија на Џозеф Косински, продукцијата е ставена во мирување поради тоа што актерите меѓу кои и Пит е дел од синдикатот САГ-АФТРА.

Сите снимања засега се прекинати – изјави извор близок до продукцијата за NBC News.

Бред навистина уживаше, но дефинитивно е многу лојален член на синдикатот.

Ненасловениот Ф1 филм неодамна снимен за време на викендот за Големата Награда на Британија во Силверстон, со 11та гаража за тимот познат како „APX GP“ и сцените се снимаа на патеката помеѓу официјалните сесии.

Пит и неговиот колега Демсон Идрис, исто така, беа видени во текот на викендот на сцените на снимањето, особено на гридот пред самата трка.

Иако филмот нема датум за прикажување, веројатно е дека снимањето и секоја активност ќе бидат одложени додека не се најде решение.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ