Кими Раиконен изјави дека на неговиот болид му недостасувало брзина на правците на трката во Силверстон, но покрај тоа тој е задоволен од освоените поени за тимот.
Финецот се квалификуваше надвор од топ 10 заедно со неговиот колега Антонио Џовинаци, а на крајот се бореше за поени. На него му помогна извртувањето на колегата по што се појави безбедносното возило.
Следно што му помогна беше сударот на Фетел и Верстаепн и вториот бокс на Ландо Норис по што дојде до 4 поени на трката во Силверстон.
Осмо место е одличен резултат. Мојот болид беше добар во свиоците, но ни недостасуваше брзина на правците.
На крајот се борев со Торо Росо и се обидов да го задржам Квјат надвор од ДРС. Не беше лесен викенд за мене. но со задоволство ги прифаќам поените.