Антонио Џовинаци не е редовно во борба за поени со Алфа Ромео, освои поени само на една трак, а во Германија беа казнети заедно со Кими Раиконен, не смета дека перформансите и ритамот на екипата се одлични.
Неговиот еден освоен поен е неспоредлив со дури 31 поен освоен од Раиконен, но поените не кажуваат се затоа што 25-годишниот италијанец имаше и доста проблеми, но и лоша среќа на дел од трките.
од пол рика, но и претходно, во монако, бев многу блсику до кими и мислам дека на квалификациите сме тука некаде во однос на перформанси. се мачев на трките и ми недостасуваше нешто, но се подобрувам константно.
сигурен сум дека тимот го гледа моето подобрување и мојата работа заедно со нив, поради тоа ме поддржуваат и до сега добро работиме заедно. според мене, перформансите ги имам, но поените се тие кои ми недостасуваат – појасни џовинаци.
Антонио имаше и две трки за Заубер во 2017 година како замена за тогаш повредениот Паскал Верлејн и возеше за тимот во Австралија и Кина, а појасни дека седење крај патеката речиси две години не му помогнало воопшто.
не е лесно затоа што веќе две години не се тркам, имав само две трки во 2017 година и само една трка лани, онаа на ле ман која е целосно различна од формула 1.
потоа се враќам во формула 1, најдобриот дел од моторспортот и не е лесно, но како што реков, мина само првиот дел, знаев дека моја цел е да се подобрувам со секоја селдна трка, што и го правам.
се мачев на почетокот, но на последните неколку трки сум драстично подобар споредено со кими и можам да бидам задоволен поради тоа.