Првиот човек на Рено, Сирил Абитебул, смета дека Формула 1 постапила правилно што не ја откажала трката во Недела во Белгија по смртта во Формула 2 настанот на Антоан Хубер ден претходно.
Во Неделата согласно планот се тркаа Формула 1 и Формула 3 болидите, додека откажана беше само Формула 2 трката.
откажувањето на формула 2 трката беше правилен потег. немаше никакви шанси таа трка да се одржи. за формула 3 не беше ништо сигурно затоа што се работи за многу млади момчиња кои се тркаат. формула 1 возачите имаат зрелост, нашите возачи по 30-тина години и се искусни.
сите сакаме да си одиме од спа, но да не заборавиме на инцидентот затоа што тоа не смее да се заборави туку треба да се работи на него – изјави сирил за Sky F1.
Абитебул му оддаде почи на 22-годишниот возач, шампион во ланската ГП3 тркачка серија и двоен Формула 2 победник сезонава, член на Академиајта за малди возачи на Рено.
неговиот талент е нешто посебно, тој константно се надградуваше. не дека дојде и ги порази сите конкуренти. нема да се потсетувам на тоа што било, но тој секако беше во голем подем и тоа беше импресивно.
гп3 титулата лани му даде нова енергија, а тоа што го издвојуваше беше напорната работа. тој ќе биде запаметен како пример дека со напорна работа се е можно.
не мислам дека многу луѓе би му дале шанса да го прави тоа што го правеше само поради талент. работеше посветено и начинот на кој соработуваше со сите е пример.