Чејс Кери смета дека има простор за уште неколку трки

Извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери, е претпазлив со преголемо проширување на календарот, но смета дека има простор за уште неколку трки.

Во 2020 година со додавање на Холандското Гранд При и трката во Виетнам, сезоната ќе има рекордни 22 трки, што доведе до критики во падокот поради дополнителната работа за сите инволвирани. Кери смета може да се додадат уште неколку трки.

Побарувачката за одржување на Ф1 трка е позитивна, ширум светот, од повеќе локации. Имаме прилично полн календар со долгорочни договори, има лимит на тоа што може да го постигнеме, но сметаме дека има можности.

22 трки е прилично полн календар, но сметам дека има простор за уште 2. Сакаме долгорочни партнерства, но како што се променивме годинава, ќе додадеме трки, а потоа селективно ќе отстраниме други. Има неколку проблеми со трки кои ги наследивме, со договорите кои не ја поседуваат вредноста која ја очекуваме.

Ние немавме вистинска група на спонзори. Немавме создадено никакви алатки. Немаше можности да се раскаже приказната на Ф1, да се создаде возбуда. Сега имаме моментум. Гледаноста се зголемува, публиката се зголемува, имаме добра приказна, имаме нови димензии во спортот.

Мора да ја раскажете приказната и мора да развиете алатки. Спонзорите сакаат партнерства кои се уникатни за нив. Во минатото, брендови на ѕид функционираа, но не повеќе.

Моравме да развиеме повеќе иницијативи, од дигитален карактер, регионален пренос, виртуелни реклами, фестивали на фанови, сите тие типови на таргетиран пристап. Интересот се зголемува, никогаш не сме имале толку работа. Имаме три страници со листа на спонзори кои се на листата на чекање.

Мислам дека постепено се подобруваме. Иако развојот е побавен и потежок од планираното, мислам дека е нормално бидејќи започнавме од нула.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ