Чејс Кери, Главниот извршен директор на Формула 1, откри дека се во последна фаза од преговорите за новит екомерцијални договори кои тимовите треба да ги потпишат согласно новата регулатива која ќе почне да важи од следната сезона.
Кери ова го потврди во свото интервју за Bloomberg дадено на Сетскиот економски фокрум во Давос, Швајцарија.
во финална фаза сме од преговорите. доста елементи во врска со иднината се разрешени, имаме нови правила и процедури, имаме буџетско ограничување и тие работи се веќе зад нас – појасни кери.
“Копјата се кршат“ околу таканаречениот Конкорд договор кој регулира како ќе се распредели огромниот приход кој Формула 1 го генерира.
најслабиот треба да добие шанса да победи. лани навистина има три екипи кои се обидуваа да победат.