Гласањето за трка во Мајами одложено до Февруари

Сред нова локална опозиција, критичното гласање од локалната самоуправа за предложената трка во Мајами е одложено до Февруари.

Комесарите на Мајами-Дејд околијата треба да донесат одлука која директно ќе влијае над предлогот за одржување на трката изминатава Среда. Барбара Џордан презентирала зонски правилник за блокирање на Хард Рок стадионот, дом на Мајами Долфинс, за одржување на моторспорт настани, но потоа побарала одложување до 4ти Февруари.

Од тој момент, Либерти Медија открија планови за одржување на трката во областа Мајами Гарденс, која вклучува дел од Хард Рок стадионот, но локалната опозиција не се откажува. Пред состановите, организаторите, во кои се вклучени и Мајами Долфинс, открија модификација на патеката, со цел да не се користи 199та улица која беше посочена како проблем. Промени во предлогот исто така вклучуваат и ветување до локалното население дека нема да има трка пред 15 часот. Претставници на Формула 1 и организаторите изјавија дека новиот предлог ги задоволува барањата на граѓаните.

Повеќе комисионери се во согласност за одржување на трка во Мајами, но на крајот гласањето е одложено за две недели. Градоначалникот Карлос Гиминез, бргу негираше дека настанот би можел да се одржи на патеката Хоумстед Рејсвеј, која ја користи НАСКАР серијата.

Ако Формула 1 сака да биде во Мајами, ќе биде околу Хард Рок стадионот. Не на Хоумстед или на друго место. Потребни се 18 месеци до 2 години за да се изгради патека и ако се откажеме сега, јасно може да се каже дека Формула 1 нема да дојде во Мајами.

Имаме уште еден процес каде одлуката се пренесува до советот на Мајами Гарденс, а потоа повторно се враќа, а за тоа се потребни неколку месеци. Тие немаше да бидат во можност да изградат патека за 2021 година, а немаше да чекаат до 2022 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ