Кој Корона вирус? 175,000 билети продадени за Инди 500 во Август

Додека во Европа постои резервност за отворање на големи јавни настани, а особено да се дозволи публика, во САД продолжуваат како ништо да не се случува.

Минатиот викенд на патеката Road America се одржа првата трка со гледачи, а Индијанополис 500 се очекува исто така да се одржи пред публика. 104то издание на најголемиот тркачки настан во светот е моментално закажан за 23ти Август и се превземаат сите напори истиот да се одржи пред полни трибини. 

Иако не е јасно колку од тие билети се продадени пред пандемијата од Корона вирусот, се претпоставува дека голем дел од купувачите ќе се појават доколку е дозволено. Истото е многу веројатно, бидејќи иако трката во ИндиКар на патеката за Формула 1 ќе се одржи следниот викенд без гледачи, Индијана се очекува да дозволи јавниот живот да се врати во нормала од следниот месец.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ