Сеидл: Норис го направи “следниот чекор“

Шефот на Мекларен, Андреас Сеидл, смета дека со перформансите и подиумот од Австрија, Ландо Норис напреднал и го направил “следниот чекор“ како возач во Формула 1.

Младиот британец дојде до подиум на Ред Бул Ринг и стана трет најмлад возач кој дошол до топ 3 на трка, откако на свежи гуми во мина Серхио Перез во последните кругови, а буквално во последниот извозе најбрз круг на трката за да се доближи на помалку од 5 секунди до Луис Хамилтон, кој имаше толкава казна.

за возач е многу важно да си создде моментум и да дојде до потребната самодоверба која му треба за да испорача на квалификациите и на трка. ландо едноставно само се надоградуваше по одличниот почеток лани. минатата година стартуваше многу внимателно, но штом стекна верба во себе и болидот, беше далеку подобар.

со работата која што ја одработе со тимот во текот на зимата, мислам дека едноставно го направи следниот чекор. среќен сум, навистина сум среќен со тимот затоа што дојдовме до одлични резултати – вели сеидл.

Последниот круг Ландо се доближи за 8 десетинки до Хамилтон и со поставување на најбрз круг го симна британецот на 4то место, а тој се качи на подиум.

во еден момент сите помисливме дека го загубивме подиумот кога леклер не мина, но јасно е дека останавме сконцентрирани и со ландо споделувавме се што се случува и неговиот заостаток зад луис. видовме дека хамилтон доби кана, а норис беше одлично подготвен за летечки последен круг и вадење максимум од болидот.

тоа што го прикажа ландо беше импресивно и ако се погледне целиот викенд, станува уште подобро. покажа дека се развил како што очекувавме од него го прави следниот чекор што може да се очекува по дебитантскаа формула 1 сезона која ја имаше зад себе.

одлично се подготви преку анализа на минатата сезона и наоѓање начини како може подобро да се подготви за оваа година. порасна како возач, човек и карактери. начинот на кој пристапи на првата трка од сезоната беше импресивен и сигурен сум дека ќе гледаме многу повеќе од него во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ