ФИА и Ф1 со официјална церемонија против расизам пред стартот

ФИА откри како Формула 1 ќе ја спроведе церемонијата за борба против расизам на Британското Гранд При, со цел на возачите да им појаснат околностите.

Ф1 беше нападната од Луис Хамилтон околу начинот на кој истата церемонија се спроведе во Унгарија, по критики дека била избрзана и неорганизирана. По барање за подобра организација од Хамилтон и други возачи, Ф1 и ФИА превзедоа мерки за официјална церемонија да се одржи исто како на првата трка во Австрија.

Возачите ќе добијат аудио порака да чекорат по килимот, носејќи ги нивните маици со пораката “End Racism“ во 14:52 по македонско време. Рекламен банер со истата порака ќе биде поставен ширум стартот и возачите ќе застанат на нивните одредени места. Потоа, ќе следи соопштение дека Формула 1 и ФИА го користат тој момент да ја истакнат важност за еднаквост и еднакви можности за сите.

По тоа, возачите ќе бидат поканети да ја покажат својата поддршка со гестови по свој избор, кои може да вклучуваат клекнување на колено, како што тоа го прави Хамилтон на секоја од првите три трки досега. Други гестови може да вклучуваат: стоење со наведната глава, стоење и покажување кон пораката на нивните маици, стоење со рака на срце или други гестови со кои возачите се чувствуваат удобно.

Луис Хамилтон и претседателот на ГПДА, Роман Гросжан, појаснија дека би сакале сите 20 возачи да клекнат до крајот на сезоната. На првите три трки, Шарл Леклер, Макс Верстапен, Карлос Саинз, Даниил Квјат, Кими Раиконен и Антонио Џиовинаци се одлучија да стојат, додека останатите клекнуваа.

Церемонијата ќе заврши по 30 секунди со соопштението: Ви благодариме за оваа порака да се спречи расизмот ширум светот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ