Една година по страшната несреќа во која животот го загуби Антоан Хубер, а тој имаше огромни повреди на нозете, Хуан Мануел Кореа цели да се врати на тркањето следната сезона.
Формула 2 трката во последниот августовски ден од минатата година донесе страшна несреќа во вториот круг на излезот од О’Руж и влезот во Радилион. Кореа се судри со Хубер при голема брзина, по што следуваа две недели безсознание и неизвесност.
Ногата на 21-годишниот возач претрпе неколку операции, а ќе следуваат уште и истата е надворешно фиксирана, сепак тој сака да продолжи да се трка.
многу брзо се опоравувам поради тоа што притискам со мојот тркачки менталитет и секогаш правам повеќе од тоа што е неопходно, нешто што за сега ми носи реултати.
всушност сакам да се вратам на тркањето следната година, порано од првичниот план и за сега тоа е остварливо.
сеуште имам неколку операции кои треба да ми се направат над ногата, а целата таа метална рамка над ногата треба да ја немам до крајот на оваа година, таоа што уште во декември може да почнам да возам – полн со оптимизам е кореа.
Американецот со еквадорско потекло е викендов на Спа и го посети местото на ланската несреќа, оддавајќи му почит на починатиот колега, Антоан Хубер.
мислев дека е ова добар начин да ја оставам несреќата зад себе, а поважно, да му оддадам почит на антоан затоа што од мајами не можев да направам ништо и ова беше нешто што долго време сакав да го направам.
добив покана од формула 2 да дојдам овдека викендов и не размислував ни секунда. среќен сум што сум овдека и што повторно гледам полн падок, но за мене е многу емотивно – изјави кореа.
Во врска со несреќата и смррта на Хубер, Кореа сеуште не може да го прифати она што се случило пред една година.
тој беше посебен и многу фин, ми беше добар пријател иако во тркањето не се спријателуваме толку често со конкурентите. лесно беше со него, беше кул и позитивен цело време.
тешко ми е да зборувам за него и доаѓањето овдека на патеката ми беше тешко, се ежам и се ме потсетува на него. тоа што се случи беше неверојатно и нереално. многу сум тажен за неговото семејство и многу мислам на нив.
тука сум да му оддадам почит, главно сум на спа за него.