Дебито на Аиткен било значаен настан во Кореа

Џек Аиткен откри дека пораките кои ги примил од своите фанови во родната Јужна Кореа го изненадиле и само го мотивирале да продолжи со својот раст и развој и да добие редовно возачко место во спортот.

Луис Хамилтон беше потизивен на Ковид-19 на Шакир по што Мерцедес одбраа Џорџ Расел од Вилијамс да го замени, а екипата од Гроув испразнетото место го пополни со својот резервист, Аиткен. Џек е роден во Лондон пред 25 години од татко Шкотланѓанец, а мајка од Јужна Кореа и поради тоа има огромна поддршка од родната земја на мајка си.

имав многу поради од кореа, повеќе одошто очекувам и тоа беше неверојатно затоа што традиционално формула 1 не е многу популарна во јужна кореа. моторспортот генерално не е многу популарен и сеуште е во фаза на прифаќање од младите.

но, многу млади корејци се во контакт со мене преку социјалните медиуми и ми ги следат трките. добив многу прашања како малдит еда се вклучат во моторспортот и како да успеат што беше прекрасно. има кажав дека тркањето не е ефтино и мора да имате одредена маркетинг вредност во него затоа што само талентот често не е доволен.

вообичаено не сум многу отворен кон корејските фанови само поради тоа што за моторспортот е слаб интересо таму, единствено преку социјалните мрежи луѓето ме контактираат. ова беше неверојатно, ме прашуваа кои се производители и каков е овој спорт.

Вообичаено, Аиткен оди во Кореа еднаш во годината, обидувајќи се да остане интегриран со културата и да го научи јазикот.

навистина многу уживам таму, убаво е да се види семејството и ад се вкуси различноста која ја имаме на запад. за некој кој пораснал во лондон е навистиан чудно таму.

навистина уживам да учам повеќе за кореа, колку што можам повеќе. во моментов светот е луд и се обидувам да останам во контакт со моето семејство таму. јасно е дека мајка ми го поддржува тоа, но мене ми се допаѓа и потеклото од шкотстка на татко ми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ