Кореа се враќа во Академијата на Заубер

Заубер најави дека Хуан Мануел Кореа ќе се врати во младинската академија 18 месеци по несреќата на Спа. 

Кореа беше дел од академијата на стартот на 2019 година и беше развоен возач на Алфа Ромео. Тој имаше тешка несреќа на Спа, несреќа во која животот го загуби Антоан Хубер. По долгата рехабилитација, тој се враќа во Формула 3 со АРТ. 

Неговиот напредок од јуниорските серии беше запрен од несреќата и сега се враќа со полна сила да го продолжи напредокот. Тој имаше Формула 1 тест со Заубер во 2019 година и сега се враќа да работи со швајцарската компанија. 

Многу сум задоволен што сум назад во Заубер академијата. Бев дел од јуниорската програма во 2019 година и имав еден Формула 1 тест.

Возбуден сум што се враќам овој викенд во Франција и ќе му помогнам на тимот. Му благодарам на АРТ и Себастиен Филип и секако Фред Васур за подршката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ