Гасли: Успех со Алпин би бил во чест на Хубер

Французинот Пјер Гасли посочи дека евентуален успех со својот нов тим, фабричкиот Алпин, би бил неверојатен начин да се оддаде почит на неговиот прерано загинат другар, Антоан Хубер.

Хубер беше главен талент во возачката програма на Рено откако освои ГП3 титула во 2018 година и потоа мина во посилната Формула 2 победувајќи во Монако и на Пол Рикар пред трагичната несреќа која ја плати со живот на Спа.

Гасли и Хубер беа блиски пријатели дружејќи се низ своите јуниорски кариери, а учеле и во исто училиште. Пјер посочи дека кога почнеале преговорит есо Алпин, прво што му паднало на ум бил неговиот другар.

знам дека антоан беше нивни возач и во академијата многу го сакаа. ние, помладите возачи, знаевме дека рено планираа да го донесат во формула 1 и до самиот врв и на тој пат работеше.

кога се случи мојот трансфер јас веднаш помислив на него, на неговото семејство и ми беше убаво поради сето тоа. секогаш велев дека ние имавме заеднички сон да стигнеме во формула 1, јас и антоан. ако успеам да постигнам успех, ќе биде одлично затоа што ќе го посветам на него – откри гасли.

Пјер откри дека откако потпишал за Алпин веднаш се јавил на семејстовото на Антоан, а потоа и поминал доста време со нив за да надомести за периодот кога не се гледале.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ