Објавени се датите за претсезонскиот тест наредната година планиран во Барселона и Бахреин.
Наредната сезона, спортот влегува во нова ера со нови аеродинамички правила и ќе има петдневен тест на Каталуња во Барселона од 21-25 Февруари и втор тридневен тест во Бахреин од 10 до 12 Март.
Тимовите потоа ќе останат во Бахреин до отворањето на сезона на 20 Март. Светскиот моторспорт совет треба да ја потврди одлуката на 15 Октомври, но и да го потврди календарот за следната сезона.