Окон: Алпин целосно се трансформираа оваа година

Естебан Окон изјави дека Алпин целосно се трансформирале од почетокот на оваа година.

Алпин е тимот кој се ребрендиреше оваа сезона откако до лани се тркаше како фабричка Рено екипа, а во моментов се бори се петтата позиција трета сезона по ред. На минатата трка во Катар, Алонсо дојде до подиум преку трета позиција, додека Окон дојде до петта позиција, годинава имаат и победа во Унгарија. 

Алпин е еден од тимовите кои оваа година им е транзициска и од наредната година целат на победи и подиуми. 

Имаме огромен напредок од почетокот на годината до сега. Мислам дека целиот тим се трансформираше и имавме голем притисок од шефовите.

Лорен беше тука и Лука ди Мео за да видат какви конкуренти имаме. Тие целосно не подржуваат. Има одличен дух во тимот и нема негативен стрес.

Дефинитивно ова е одлична околина за да се обидеме да дадеме максимум и да имаме добри резултати. одиме по план и треба да се бориме за титули и подиуми наскоро. Затоа работиме сите во иста насока – посочи французинот.

Окон го пофали Алонсо откако дојде до подиум оваа сезона после седум години.

Знам дека напорно работи и многу е мотивиран. Има доста искуство и многу постигнал во спортот. Тој е легенда како Сена и Шумахер и не може да се спореди со никој. Мило ми е што ми е колега и горд сум што се борам со него. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ