Австралија останува дел од календарот до 2035

Формула 1 и организаторите на Австралиското Гранд При потпишале продолжување на договорот, така што трката ќе остане во Мелбурн најмалку до 2035 година.

Актуелниот договор завршува во 2025 година, а 10-годишното продолжување е последно во серијата објави кои Формула 1 ги прави за да обезбеди долгорочна иднина на некои трки во календарот.

Лас Вегас е веќе потврден како нов настан за Ноември следната година, додека Стефано Доменикали неделава беше во Јужна Африка за да разговара со менаџментот на Киалами за можна трка уште наредната година.

За Мелбурн веќе некое време се зборува дека има внатрешна конкуренција, Сиднеј исто така сака Формула 1 настан, а фактот што продолжувањето на соработката е потпишано три години пред истекот на актуелниот договор става јасен знак дека главниот град на државата Викторија бил решен да се обезбеди на време. Исто така, патеката која за прв пат беше домаќин на трка во 1996 година, Алберт Парк, ќе биде дополнително подобрена по поправките во пресрет на годинешното издание на трката.

минатите неколку години промотерите во австралија направија значителни инвестиции да ја подобрат патеката и ќе продолжуваат да го прават тоа со цел подобро искусто за фановите, вклучително и подобрување на падокот и боксовите на патеката во годините кои следат. сето тоа само ќе го подобри искуството на фановите, ќе го модернизира автодромот така што и тимовите ќе имаат поудобен престој за време на трката – изјавија од формула 1.

Исто така, потврдено е дека од следната година паралелно со Формула 1 трката ќе се возат и Формула 2 и Формула 3 трки како поддршка на настанот. Вообичаено тие серии не патуваат со Формула 1 на далечни дестинации поради трошоците, така што останува да видиме како ќе биде ова изведено.

трката секогаш е една од омилената на фановите, возачит еи екипите. мелбурн е особено жив град кој совршено прилега на спортот. годинава имавме огромна публика страствени навивачи на гранд при викендот и возбудени сме за иднината на трката како што спортот продолжува да расне.

продолжувањето на договорот е одлично за мелбурн и за викторија и само ќе продолжи да ја гради богатата моторспорт историја и желбата за големи спортски настани на градот.

горди сме со нашиот однос со формула 1 и заедно ќе продолжиме да го раснеме и развиваме спортот во австралија и поширокиот регион. сите во австралискта гранд при корпорација се нетрпеливи на трката во следните 13 години – изјавивестакот, шефот на компанијата задолжена за организацијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ