Ненамерно откриен датумот за Лас Вегас

Првата Гранд При трка во Лас Вегас, ноќен настан кој следната година премиерно ќе се одржи, е планиран од 16 до 18 Ноември, така што веројатно ќе биде само една недела пред Абу Даби.

Челниците на тркачката серија завршија огромна работа на почетокот на сезонава откако направија се што е потребно да ги осигураат сите дозволи и договори за организација на трка во коцкарскаа престолнина и тоа на познатиот “стрип“ буквално пред хотелите. Либерти Медиа формиаа нова компанија, Либерти Дајс, која ќе го организира настанот следните пет години, а која неодамна се стекна со ексклузивно земјиште каде ќе се гради падокот.

Писмо од 17 страни беше објавено на социјалните мрежи од страна на Las Vegas Concention and Visitors Authority, владино тело кое го промовира настанот во градот во кое се потврдува дека Гранд При трката ќе се случи на 18 Ноември 2023 година, едена недела пред Денот на благодарноста во Америка. Во истиот материјал е потврдено дека трката ќе се одржува најмалку до 2027 година.

Вообичаено Формула 1 сезоната завршува на крајот на Ноември во Абу Даби така што следната сезона е можно да имаме врзани трки како крај на првенството. Исто писмо потврдува дека Вегас ќе го задржи истото место во календарот и следните пет години, а активностите на новата патека ќе траат до 90 минути по полно. Уличната трка е биде надгледувана од 900 маршали, 1.200 пожарникари, 15 кранови и 18 амбулантни возила. Сепак, во документот не се вели ништо за падокот кое Формула 1 треб ада го изгради на земјиштето кое во Мај го купија за 240 милиони долари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ